Биосензорот е инструмент кој е чувствителен на биолошки супстанци и ја претвара неговата концентрација во електричен, оптички или термички сигнал за откривање. Овие иструменти се мали, делуваат брзо и се едноставни за употреба. Ги делиме според употребата на различни биолошки елементи (ензими, антитела, бактериски клетки и нуклеински кисилини), кои овозможуваат докажување на присутност на различни полутанти.
Со помош на биосензорите можеме да го докажеме присуството на најразлични загадувачи во нашиот примерок, како на пример: тешки метали, хлорирани јаглероводороди, хербициди и феноли. Во моментот се развиваат биосензори кои ќе употребуваат нанотехнологија и биочипови.
Comments