top of page

Еко – фаткопедија бр. 21 - Светлосно загадување

  • Writer: Васил Ханџиски
    Васил Ханџиски
  • Mar 31, 2022
  • 1 min read

Под поимот светлосно загадување се подразбира светлина која се зрачи во небото, било директно (несоодветно дизајнирани светлосни извори) или преку рефлексија (осветлување на фасади, рекламни паноа). Оваа светлина понатаму се рефлектира од аеросолите во воздухот и се рассејува во сите правци. Претставува интернационален проблем.


Светлосното загадување претставува последица од индустрискиот развој. Извори вклучуваат надворешно и внатрешно осветлување на зградите, билборди, улични светилки и осветлени спортски стадиони.


Доколку живеете во урбана или приградска област, сè што треба да направите за да го видите овој тип на загадување е да излезете надвор навечер и да погледнете во небото.


https://www.lightpollutionmap.info/ - глобална мапа за претставување на светлосното загадување

Komentar


bottom of page