top of page

Еко – фактопдедија бр.26 - Микропластика

  • Writer: Васил Ханџиски
    Васил Ханџиски
  • Jun 4, 2022
  • 1 min read

Микропластика е термин кој го употребуваме за ситни пластични честички. Официјално, миктопластиката е дефинирана како пластика со дијаметар помал од 5 милиметри. Постојат две категории на микропластика: примарна и секундарна.


Примарна микропластика се ситни честички дизајнирани за комерцијална употреба, во козметиката, како и во текстилната индустрија.


Секундарна микропластика се честички кои произлегуваат од распаѓањето на поголеми пластични предмети, како што се шишињата за вода. Ова е предизвикано од изложеност на сончевото зрачење и океанските бранови.

Comments


bottom of page