• Васил Ханџиски

Еко – фактопедија бр. 28 - Upcycling

„Upcycling” значи давање некоја нова функција на нешто што се смета за отпад. Најчесто новиот предмет е пофункционален од претходно што бил. Од таму и потекнува терминот бидејќи ја зголемуваме вредноста на предметот. Ова е корисно за зачувување на планетата. Тоа е затоа што користиме веќе употребени материјали и создаваме нешто ново.


Спротивено од ,,upcycling” е ,,downcycling”. Tоа значи дека ново добиениот предмет има помала вредност од претходно што имал. Важно е да се напомене дека ,,upcycling” преставува форма на рециклирање.


Примери за ,,upcycling”:


  • Претворете ги старите сијалици во вазни за цвеќиња;

  • Употребете ги старите стаклени шишиња за да направите лампа;

  • Искористете делови од стари дрвени палети за да направите нови полици.

52 views