Хидроцентралата Матка се наоѓа на реката Треска, во близана на селото Матка, кое се наоѓа во на 14km од Скопје. Кањонот Матка каде што спаѓа и ХЕЦ Матка, со одлука на Градското собрание во 1994 е прогласен за заштитено подрачје во категорија ,,Споменик на природата”.
Браната е изградена од армирана бетонска конструкција. Во машинската зграда се вградени две вертикални „Каплан“ спирални турбини со по 21 m3/s, кои придвижуваат два синхрони генератори со инсталирана моќност од по 4,9 MW. Просечното годишно производство на струја изнезува 30 GWh.
Линк од информации: https://elektrani.mk/Production-capacities/HPP-Matka.aspx
Comments