top of page
  • Writer's pictureВасил Ханџиски

Еко-фактопедија: Еутрофикација

Еутрофикација е процес на прекумерно зголемување на хранливите супстанции во водата, што резултира со интензивен раст на алгите и други растенија. Овој процес настанува кога во водата се присутни прекумерни количини на фосфор и азот, кои предизвикуваат брз раст и размножување на водните растенија.


Причините за настанување можат да бидат заради процесите кои се случуваат во природата или заради човечките активности. Со интензивното користење на ѓубрива во земјоделството, отпадните води од фабриките и употребата на пестициди придонесуваме кон неконтролирано богатење на водните тела со хранливи материи , а со тоа и кон еутрофикацијата која предизвикува деградација на водните екосистеми.


48 views
bottom of page