Екосистемот е основна функционална единка во екологијата, кој го вклучуваат живиот свет и животниот простор. Со други зборови можеме да кажеме дека тоа претставува збир на различни живи организми и неживи компоненти на животната средина, кои меѓусебно комуницираат и се тесно поврзани. Поимот ,,екосистем” првпат го употребил британскиот еколог Артур Џорџ Тенсли со цел да ги опише природните системи.
Екосистемите преставуваат доста сложени и динамички системи. Со секоја мала промена може да дојде до нивна деградација и затоа е значајна нивната заштита. Факторите кои влијаат на екосистемите можат да бидат абиотски (тука спаѓаат вода, кислород, светлина,почва итн.) и биотички (тука спаѓаат живите суштества).
Kommentarer