ХЕЦ Пена е првата хидроцентрала во Македонија, која започнала со работа во 1926 година. Се наоѓа на реката Пена. Последната реконструкција е направена во 2008 година кога централата е целосно автоматизирана и со тоа е зголемен нејзиниот инсталиран капацитет.
Просечното годишно производство на електрична енергија е 13 GWh, а нејзината ефикасност е поголема од 90%. За производство на електрична енергија се употребуваат две Францисови турбини со хоризонтална оска.
Околу локацијата на ХЕЦ Пена се застапени повеќе видови шумски заедници (преовладуваат бука и даб), а од фауна има различни инсекти, водоземци, влечуги, птици и цицачи.
Comentários