Националниот парк „Пелистер“ бил прогласен со закон донесен од страна на Президиумот на Народна Република Македонија на 30 ноември 1948 година. Истиот е распространет на Баба Планина и се протега помеѓу Преспанската Котлина на запад и Пелагониската Котлина на исток. На север е ограничен со малата Цапарска Котлина и превалот Ѓавато.
Најзаслужен за добивањето на статусот Национален Парк е петтоигличниот бор молика. Тука живее и ноќната пеперутка Hadena clara macedonica која ја има само во Македонија. Убавината на пределот ја збогатуваат и дивите животни : мечка, волк, елен, дива свиња, зајак, неколку видови орли, срна, еребици, црвеноклуната чавка и ендемичната македонска пелагониска пастрмка.
Commenti