top of page
  • Writer's pictureМарија Хана Трајкоска

FACT NO. 12 - „Вистинската приказна“ - Лукијан од Самосата

„Вистинска историја” позната и како ,,Вистинска приказна" е краток роман од вториот век од н.е. напишан на грчки јазик од асирискиот писател Лукијан од Самосата. Романот е сатира на гротески приказни од античко време кои преставувале фиктивни и митски настани како вистинити. ,,Вистинска историја" е првото познато писание кое обработува тема на патување низ вселената и војни меѓу вонземски животни форми. Опишан е како "првиот запис кој може да се нарече научна фантастика". Покрај тоа, романот не припаѓа на еден конкретен литературен жанр, бидејќи повеќеслојната содржина зазема облици на сатира, пародија и научна фантастика. Останува запаметен како најпознатото дело на Лукијан, а самата негова природа е предмет на многубројни расправи меѓу литерати. Во македонско издание „Вистинска приказна” излезе на крајот на минатата година, во издание на Или-или, а во превод на Светлана Кочовска - Стевовиќ.


138 views
bottom of page