top of page
Writer's pictureМарија Хана Трајкоска

Февруари со Перија

Овој месец имаме особена чест и прилика да се запознаеме со еден исклучително уникатен бенд кои преку нивната музика раскажуваат одамна заборавени, како и современи приказни. Се работи за Перија, бенд составен од Леа Милиновиќ, Катерина Димитровска, Огнен Златанов, Филис Синаноска и Деа Плевнеш. Постојат од 2015 година и првенствено се појавуваат како улични изведувачи, а сега имаат богат корпус од голем број домашни и интернационални турнеи и настани. До сега имаат објавено два студиски албуми, „Лок“ кој сами го имаат одбјавено во 2017 и „Фалан Филан, објавен во 2021 преку Шарла Рекордс. Воедно имаат и две проширени изданија, „Кокало“, објавен во 2020, и ,,Live at E.S.N.S“, објавен во 2021.

Нивната музика се темели врз фолклорни творешта од пределите во кои живеат, меѓутоа имаат влијание од макамската музика од Средниот Исток, северно африканската музика, блуз, пост-панк и џез. Песните се на различни балкански јазици, а текстовите ги наоѓаат во извадоци од весници, изворни стари селски песни кои ги собираат додека патуваат и во актуелни општествени проблеми кои ги дофаќаат преку поеми од балкански и турски автори.


Кога се ова ќе се спои со ориентални звуци се создава нешто многу повеќе од музиката. Се олицетворуваат приказни и ликови кои делуваат далечни, но сепак многу блиски и познати. Се создава нешто што не може да се опише, а мора да се доживее. Сите оние кои дури сега се запознаваат со Перија, во наредните недели од овој месец ќе имаат прилика да разберат за што зборувам. Меѓу другото, во нашата дружба со Перија, ќе навлеземе подлабоко во нивните почетоци, значењето на името Перија кое влече корени од турскиот збор што значи самовила и за нивниот процес на создавање музика кој единствено можам да го објаснам преку Платоновото божествено вдахнование.


Следетене, затоа што ова навистина е искуство кое не смее да се пропушти. До тогаш, слушајте ги, преку следниве линкови:



 

Фотографиите се преземени од официјалната facebook страница на Перија


Comments


bottom of page