top of page
  • Writer's pictureКултура β

Горештина - Драгана Стојадиновска

Горештина


Завист е или љубов

ќе оставам на Ерос да пресмета,

до тогаш ќе останам зависна

и залишана во лулашката на љубовта,

ќе цицам опсесија до суштината на реалноста,

во реалноста каде само твоето лице цвета.

Во маглата од твојата есенција те мирисам,

арома на розови лалиња инхалирам,

од задоволство непрекинато треперам

и се лишам и лишам,

по твојата силуета молекам.

Ме заведува тишината која магично ја кроиш

и низ која ме допираш

и оставаш трага

последна и вечна да е ноќва нежна.

Умирајќи те љубам страсно,

ја љубам секоја бемка и секое влакно,

ме опива изљубеното твое тело

и ме лиша и лиша

и сребрен крој низ тело ми ниже.

Горештина е погледот кој го пружаш

твојата кожа е пустина врела,

низ очите извори ти се леат

да можеш пак да љубиш слепа.

Мистерија сме сторени велат,

две безпомошни тела.


 

Драгана Стојадиновска потекнува од Куманово, има 19 години и активно пишува поезија, проза и кратки драмски текстови. Таа е автор на збирката "Со затворени очи гледајќи ја зората".


„Поезијата за мене претставува чисто поле низ кое слободно везеш приказни, речиси единствената појава, покрај природата, која ти дозволува да бидеш она што си. Инспирацијата извира природно, па сметам дека би било сулудно да го бараме нејзиниот корен, наместо да уживаме во нејзините плодови.“ вели Драгана.


83 views

Recent Posts

See All

Скопје СИ ТИ: „Го преколнувам мојот град“ од Методија Тасевски

го преколнувам мојот град по Балашевиќ го преколнувам мојот град да не ги руши мостовите и куќите пред нив и тие зад нив; да не ги бетонира парковите, тревите, зелените огради, цвеќињата, листовите, б

Commentaires


bottom of page