top of page

Циклус млада словенечка поезија: „Хаотична модификација на релјефот...“ од Тимотеј Новаковиќ

  • Writer: Култура β
    Култура β
  • 6 hours ago
  • 2 min read

Овој месец, поетската рубрика на платформите на „Култура Бета“ ја посветуваме на новата генерација словенечки поети и поетеси чии песни се поместени во антологијата со песни за војна „Крвав шах“. Во текот на целиот месец јули објавуваме неколкумина од застапените автори и авторки, а препевот од словенечки на македонски јазик го направи Стефан Спасовски.


„Крвав шах: песни за војна од новата генерација словенечки поет(ес)и“ (2026) е антологија во која се застапени словенечки поети и поетеси родени по 1990 година. Книгата е во издание на Словенечкиот ПЕН и Словенечкиот младински ПЕН како дел од одбележувањето на 100 години од Словенечкиот ПЕН. Антологијата е преведена на англиски јазик од Пино Пограјц, кој исто така е и уредник на изданието. Застапени се 39 песни кои ја прикажуваат младата поетска сцена во Словенија, нејзината посебност во однос на тематиката и стилот на пишување, но и силната општетсвена ангажираност.


Продолжуваме со Тимотеј Новаковиќ (1995) кој е актер и поет.  Во 2024 ја објавува дебитантската стихозбирка „Инокулум“ на два јазика (словенечки и српски).


***


Хаотична модификација на релјефот

или жизнено распоредување детски трупови


во тлоцртот беше дијагностициран

живот 

леле

повторно ли ќе го нарушиме пејзажот?

гасениците се веќе нешто минато

а има премногу деца

за ова срање

артифицираната лаванда вели

чук-чук

where’s daddy?

каква великодушна превенција

на безброј потенцијални трауми и

не знам колку пропаднати воспитувања

фала ви спонзори

што го овозможивте ова

аааааа

распрснат бес

резимето на денот е

привремена распределба без

групација 

утре повторно почнуваме со составување

ќе оформиме одбор

супер одбор

најдобриот одбор досега

мир? 

даааааа

никој не го сака мирот повеќе од нас

мирот е нешто најубаво

нашиот мир е најмирниот мир на светот


peace through strength?

можеби

or something even better


мир како колатерална штета

на крајната хегемонија




bottom of page