top of page

Циклус млада словенечка поезија: „Нема газа што...“ од Ања Новак - Ањута

  • Стефан Спасовски
  • 9 hours ago
  • 1 min read

Овој месец, поетската рубрика на платформите на „Култура Бета“ ја посветуваме на новата генерација словенечки поети и поетеси чии песни се поместени во антологијата со песни за војна „Крвав шах“. Во текот на целиот месец јули објавуваме неколкумина од застапените автори и авторки, а препевот од словенечки на македонски јазик го направи Стефан Спасовски.


„Крвав шах: песни за војна од новата генерација словенечки поет(ес)и“ (2026) е антологија во која се застапени словенечки поети и поетеси родени по 1990 година. Книгата е во издание на Словенечкиот ПЕН и Словенечкиот младински ПЕН како дел од одбележувањето на 100 години од Словенечкиот ПЕН. Антологијата е преведена на англиски јазик од Пино Пограјц, кој исто така е и уредник на изданието. Застапени се 39 песни кои ја прикажуваат младата поетска сцена во Словенија, нејзината посебност во однос на тематиката и стилот на пишување, но и силната општетсвена ангажираност.


Започнуваме со едно хаику на Ања Новак – Ањута (1991) која е театарска и филмска глумица, поетеса и пејачка. Таа работи во Словенечкиот младински театар во Љубљана.


***


нема газа што

впива крв леена на 

Газа се плашам

Comments


bottom of page