top of page

Месец на романска квир поезија: Избор песни од Разван Омота

  • Writer: Култура β
    Култура β
  • 10 hours ago
  • 4 min read

Овој Месец на гордоста, нашата поетска рубрика ја посветуваме на младата романска квир поезија. Во текот на целиот месец објавуваме повеќе автор(к)и кои пишуваат квир поезија на романски јазик. Изборот и препевот на песните го направи поетесата и преведувачка Анисија Ангел од Романија која го изучува и работи со македонскиот јазик, преводи и препеви на македонската книжевност, а од неодамна заедно со Елена Ѓорѓиоска ја приредија антологијата на млада македонска поезија на романски јазик која ја објави Лекторатот по македонски јазик во Букурешт.


малата сирена од рашинарче

 

ја паркираме санката како вистински коњ

ѝ дадовме и име: волкот.

 

разговор со мама, не ја слушам баш,

ме фаќа за раката & влегуваме во продавница.

 

ја набљудувам како брза кон продавачката,

ја прашува дали има 60W сијалици,

 

во мојата глава зборовите се тркалаат

како разнобојни топчиња отскокнувајќи во сите правци.

 

не купуваме ништо друго

земаме што мораме и си одиме.

 

ама ја видов: формата, боите, текстурата, опашката,

ја видов и разбрав: тоа сум јас,

тоа сум јас внатрешно.

 

ми се причинуваше како да ме чека

ми се чинеше дека ја познавам

или дека ја имам сонувано.

 

мами, ја сакам онаа кукла за свети никола

разванче - не е моментот,

мами, дали ќе ми донеси свети никола сирена како оваа

за девојчиња е, сине, нели гледаш?

 

тетка вио се преправа дека кашла,

мама бара нешто во чантата,

 

ја држам во рацете,

кутијата и сирената заробена во неа,

 

тетка вио кажува: ама да знаеш дека имаме повеќе играчки,

вовчиња и некои арни автомобили,

денес ги донесовме од букурешт.

 

што ќе кажи татко ти кога ќе види дека ти купив кукла?

ама не е кукла

 

сакаш ли двајцата да нè искара?

ќе ја скриеме, не би било првпат - 

 

оди разврзи го волкот и ајде да си одиме.

 



урлај до крај

 

за тебе: жена, маж,

non-binary, бидејќи сакам

да ти дава смелост.

 

да урлаш, да не се криеш повеќе,

да не чекаш повеќе. 

 

кршлив е инструментот што ти

побудува надеж.

 

страв ми е; секогаш страв; кога умирам од страв,

почнувам да танцувам, како сега.

 

урлај,

 

мажите сè уште удираат со тупаница. жените во сиви 

јакни работат за корпорациите и за идеалите за еднаквост.

 

тука стигнавме преку долги војни водени

со не знам кого и baby steps.

 

војувам за слобода, но и во украина, палестина,

либија, авганистан, пакистан, сирија, нигерија, јужен судан,

земете пенкало и дополнете го списокот, уште ги има.

 

на планетата не ѝ останува уште многу и ќе се распадне, а ние размислуваме за метафори.

жените уште се тепани, а ние размислуваме за метафори.

 

ние сме првата земја во еу за консумирање алкохол, заоткажување од училиште, прва по број на заболени од рак.

 

тука не можеш да се венчаш со лицето кое го сакаш,

ќе те натепаат на улица ако не се покориш.

 

страшниот суд се чувствува веднаш штом излезеш низвратата

на гарсониерата со мирис на мувла.

 

утрешниот леб којшто oче наш повеќе не ни го дава 

или бог станал ceo во некоја корпорација.

 

го свртуваме и другиот образ

и размислуваме за метафори.

 

урлај до крај.

 

 

feeldate

 

доста ти е од неуспешни средби,

сега е твојот момент, пристигна

на вистинското место. ќе ти генерираме

најдобри партнери во радиус

од n километри.

 

апликацијата feeldate.

 

со помош на нашиот алгоритам ќе

ја најдеме вистинската личност само за тебе.

 

по звучниот сигнал имаш 30 

секунди да ги внесеш податоците:

 

се викам разван. сум

имам 29 години, источноевропеец, 1.76,

68 кг, црнокос, со брада, забите

искривени & домалиот прст

на левата рака скршен.

 

твоите информации се проверуваат

и анализираат

 

информациите беа успешно обработени,

избравме пет корисници во твоја близина.

 

следи ги упатсвата:

следи го описот на секој потенцијален партнер,

доколку сакаш да разговараш со еден од

нив / притисни го копчето like.

 

ако сакаш да го видиш претставувањето на следната

потенцијална сродна душа /

притисни го копчето x.

 

ако сакаш да ја напуштиш апликацијата /

фрли го телефонот.

 

да започнеме:

 

ултра-зафатениот: здраво! барам само fun,

можеби неколку патувања по геј-сауни

во европа, можеби неколку средби

со други парови, не сум спремен за

стабилна врска. си го барам

внатрешниот тинејџер. 

да те носам на вино?

 

x

 

активистот: хеееееј! јас сум една небинарна личност,

сакам да најдам една личност којашто ќе ме сфаќа,

којашто има јасна цел во животот. ти за што се бориш

во животот? утре има протест на делфиновиот плоштад

за спасување на делфините од црното море…

сакаш ли да одиме заедно?

 

x

 

коко: дубаи, дубаи, живот како в рај… те бакнувам,

животе мој! самичок ли си, самичок? ајде до мене 

и ќе видиш дека животот твој ќе има 

поинаква боја.

 

x

 

yogapartner: мирно да ти е срцето! не е случајност 

што двајцата сме тука.

мојата енергетска фреквенција се сретна во сферата

на универзумот со твојата енергетска фреквенција и

нè донесе заедно тука.

метриксот нè избра…

 

x

 

дискретниот: здраво! јас сум една дискретна личност.

женет сум 3 години. жена ми не знае дека имам

акаунт на feeldate. барам сличен тип -

дискретен, чист, достапен, со кого можам да

имам врска изградена врз

доверба и почит…

 

x x x 

 

кориснику забележуваме дека не се согласуваш

со предлозите на нашиот алгоритам.

 

ако сакаш да ти бараме и други потенцијални 

партнери, мораш да надоградиш про верзија,

која можеш да ја купиш од продавниците

appstore или googleplay.

 

х

 

фрли го телефонот.



Разван Омота (р. 1995 година, Рашинари, Сибиу) е актер, перформер, драматург и поет. Се занимава со културни теми и проекти релевантни и за современото општество и за неговиот личен и професионален пат. Го комбинира пишувањето со сцената и често не знае каде точно да се вклопи.

Ја освои наградата за најдобар актер на Хоп Гала – Галата на Млади Актери, во 2023 година, организирана од UNITER. Е двоен вицешампион на националното првенство во слем поезија, добитник на Наградата на жирито на конкурсот за поезија во рамките на Меѓународниот фестивал на театарот Трансилванија 2025 и номиниран за наградите УНИТЕР во 2026 година со текстот „heteroSălăjan“ за најдобра радиодрама. Соработувал и соработува со државни и независни театри. Пишува песни за секој што сака да ги чита и/или слуша, а исто ги презентира на читања и поетски изведби низ Романија. Дебитираше со збирката „The party is over“ во OMG Publishing, 2025 година.  На македонски јазик негови песни се објавени во вториот број на списанието за општа култура „Тригер“ во издание на „Култура Бета“.

 

bottom of page