top of page
Writer's pictureАндреј Медиќ Лазаревски

Јануари со Милена Сиљаноска

Првиот лик за 2024 година ни е авторката, поетесата и уредничката Милена Сиљаноска!


Милена Сиљаноска (1997) е дипломиран професор по општа и компаративна книжевност. Уште од 2020 година работи како уредник во Издавачки центар ТРИ. Има објавувано поезија и проза во „Современост“, „Зенит“, „Литературни искри“, „Елементи“, „Е-лит“ и во студентскиот весник „In medias res“.




Во 2023 година го доби признанието „Антев златник“ од Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“, за поетскиот ракопис „Болопадание“. Во 2012 година добива награда на литературен конкурс организиран од Дата ПЕСНОПОЈ – Битола, кои ѝ ја објавуваат стихозбирката „Ако имаш време“ како дел од едицијата „Гласини“. 


Во своите ракописи опфаќа повеќе егзистенцијални и клучни теми – за времето, судбината, животот, смртта, религијата и Бог и самата смисла на постоењето.


„Ронлива“ е нејзин прв роман.


Comments


bottom of page