top of page
  • Writer's pictureАндреј Медиќ Лазаревски

Јули со АудиоЦигла - Најава

Овој месец, во рубриката „Лик на месецот“, на наша голема радост ни гостува младиот артист АУДИОЦИГЛА (Дамјан Божиновски). Во само година и пол од неговиот почеток, АудиоЦигла инспириран од електронската музика го најде своето место на македонската музичка сцена во алтернативната поп музика, како што ја опишува тој.



Со неколку синглови кои брзо ја освоија публиката и скоро издадено EП „Astral“, тој сигурно ја втемелува својата уникатна музичка приказна која навестува возбудлива кариера.


AudioCigla е првиот соло-проект и воедно и прв музички проект на Дамјан. Тој продуцира, пишува и изведува, првпат го слушнавме на ланскиот „Земјотрес“ во МКЦ, а на годинешниот „Д Фестивал“ настапи двапати - на Smooth Stage заедно со придружба на бенд и на Electronic Beats Stage со вечерен соло настап.



Следете нѐ овој месец подготвуваме убави рубрики, а секако на крајот од месецот и муабет!


 

Извори: dfestival.mk // popup.mk

129 views

Comments


bottom of page