Јули со Стефан Спасовски
- Андреј Медиќ Лазаревски
- Jul 1
- 1 min read
Месецот јули го посветуваме на нашиот другар, поетот Стефан Спасовски. Поводот за ова е излегувањето од печат на неговата дебитантска стихозбирка „Ќумур смоквин млеч“ во издание на „Илика“.
Промоцијата на стихозбирката ќе се случи на 3. јули во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 20 часот. Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски.

Стефан Спасовски е роден на 2.12.2003 во Скопје. Студира на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Дел е од тимот на кафе-книжарницата „Илика“, а во Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ работи врз јазично уредување и редакција на текстовите. Бил дел од уредничкиот одбор на студентското списание „In medias res“. Добитник е на наградата „Антев часовник“ за ракописот „Ќумур смоквин млеч”, која ја доделува Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ за необјавена поетска збирка од млад автор. Се занимава со пишување есеи и поезија. Има учествувано на повеќе поетски читања, како: „Поетска епизода”, „Отскочна даска”, „Клинци” и на Скопскиот поетски фестивал. Негови есеи, критики и поезија се објавени на „Култура Бета“, „Репер“, „In medias res“, како и во публикацијата „Визуализација на современата македонска книжевност” (2025).
Следете ја kulturabeta.com следуваат избор од песни, интервју, како и осврт за „Ќумур смоквин млеч“.
Comments