top of page
Writer's pictureКултура β

Лавиринт на сегашноста – Ана Ристевска

Зошто исчезна како што блесокот ѕвезден се губи?

Каде си?

Врати се, одведи ме во оние наши светови

таму ноќта живее засекогаш

таму јас и ти сме добри познаници

и истомисленици.


Дојди на патот ѕвезден кој го чекоревме без сознание,

онаму каде душите изгубени

на една точка во бесконечноста се пронајдоа и вешто меѓу другите се издигнаа.


Живееме во стиховите на рок песните

а умираме во името на љубовта

Но засекогаш ќе ја чуваме довербата.


И засекогаш јас те носам во иднината

ти ме оставаш во минатото

и тука сме некаде во лавиринтот на сегашноста.


 

Ана Ристевска, од Битола, има седумнаесет години учи во медицинско училиште ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“. Активист е во невладина организација за екологија „Мети си со класнето“ и се занимава со поезија од свои десет години.

Comments


bottom of page