МАЛА ПАТНА ТОРБА
те оставам секогаш мирен.
си си се потпрел
на едното рамо на Европа и трпеливо чекаш
како измеѓу нас да нема километри, соништа, планини
возови, разделби, распореди.
со дел од себе
во тебе пронаоѓам часови чекање
и знам дека морам да ти се вратам
да го запрам часовникот што брои.
измеѓу љубовни песни, чекори и молчење
ме раззеленуваш и ме ослободуваш.
добрите поети пишуваат за универзални нешта
а јас пливајќи во купишта стихови за тебе
никако да се подобрам.
само те љубам и се протегнувам
од едно до друго море
и од еден до друг бескрај
се пакувам во мала патна торба.
Ивана Јовановска (1998, Скопје) е ко-основачка на ,,Поетска епизода” –циклус книжевни настани во Скопје и член на европската поетска платформа ,,Версополис”. Студира на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески“ и во моментов е волонтер на Европскиот солидарен корпус во Шпанија. Има објавено една поетска збирка ,,На ракавот на градот” во издание на ПНВ Публикации, а нејзините песни се преведени на англиски и грчки јазик. Учествувала на повеќе поетски читања низ државата како ,,Струшки вечери на поезијата, ,,Астални проекции”, феминистичкиот фестивал ,,Прво па женско 6”, ,,Поетска ноќ во Велестово”, поетските читања во Социјалниот центар ,,Дуња”. Нејзините песни се објавени во: грчкото списание за култура и уметност ,,Тефлон”, списанието за литература ,,Современост”, порталот за книжевност и култура ,,Oкно”, електронското списание ,,Репер”, платформата за поезија и книжевност ,,Фуснота”, интернет платформата ,,100 000 поети за промена”, порталот за феминистичка култура ,,Медуза”, списанието ,,Книжевни елементи”. Во моментов работи на нејзината втора стихозбирка ,,Номадски затвори”.
Commentaires