top of page
  • Writer's pictureАндреј Медиќ Лазаревски

Март со Ива Петреска (Најава)

И влегуваме во првиот пролетен месец од годината, а тоа е совршено време да ја најавиме младата поетеса Ива Петреска за лик на месецот март.

Ива Петреска (2001, Скопје) студира на Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје. До сега има учествувано на повеќе поетски читања, како што се: „Поетска епизода“ и „Клинци“ во организација на Култура Бета, „Отскочна даска“ – поетско читање за млади во рамки на Скопскиот поетски фестивал, „Добри гости“ и др. Нејзини песни се објавени на неколку електронски платформи, а застапена е и во „Ново раѓање на зборот: антологија на младата македонска поезија“ во издание на ПНВ Публикации.


На крајот на минатата година од печат излезе нејзината прва стихозбирка „Песнило“!


Подготвуваме убав месец, со прекрасни содржини – следете нѐ!

131 views
bottom of page