top of page
Writer's pictureКултура β

Мраз – Лина Стојмановска

мраз

мраз. не во круг, во коцка.

ми се лизга на кожа

ама само кога поминува кај срцето, боцка

ќе пробам да истрпам, не знам дали можам..


завршува во твоја рака

се топи

ја разбира мојата мака


надвор стемнето, ама уште не е мрак

имам време низ умот уште да ти копам

но накрај, во твоите раце пак,

се топам


се лизгам и јас, надоле одам

се топам, и топам

рацете по мене ти ги водам

полека но сигурно, гробот си го копам


Веќе не сум ни во коцка ни во круг

Ова не го може ниту еден друг

Станав мала снегулка

Се надевам ќе ти заврнам во око...


 

Лина Стојмановска е студентка на ПМФ при УКИМ. За неа вели дека ја интересира поврзаноста меѓу филозофијата, уметноста и науката.


„Љубовта, за некој клетва, за некој благослов, а за некој двете, може и најнеукиот и најголемиот логичар да го натера да создаде нешто што ќе го допре било кој што имал доволно среќа да ја почувствува истата. Затоа, токму таа, ми е и најголемата инспирација.“ додава таа.


🔴Песната „мраз“ беше изложена на изложбата на настанот по повод 3. роденден на „Култура Бета“

コメント


bottom of page