top of page

На листот – Росана Гошева

Writer: Култура βКултура β


На листот пишале едно,

вистината е сосема друго.


На листот пишале лага

што буди една огромна тага.


На листот пишале така,

но не е ни малку така,

сè е онака - вистински.


Велат ,,Лагата кратки нозе има.".

Кога вистината ќе излезе на виделина

кај невините нема да има зима,

пустата ќе преиде кај душите напатени

во тесно, мрачно, вистинито фатени.

Лажговците ќе се каат

додека успешните нови успеси ткаат.


Тие неправедно ќе судат,

а погрешно бележаните

сè повеќе ќе се будат.


И сè ќе биде во ред

бидејќи откажување нема,

бидејќи срцата се силни -

припаѓаат на борци милни.

Листот нека остане таков.


Вистината е една – единствена.

 

Росана Гошева е ученичка во прва година во СУГСГ ,,Орце Николов".


„Со пишување се занимавам од својата 12 та година. Најмногу сакам да пишувам поезија бидејќи во поезијата ја наоѓам својата слобода. Пишувам социјална и елегиска лирика. Досега имам учествувано на многу натпревари во пишување. Моите песни ,,Слика", ,,И ти си на планетава" и ,,Убаво е" се објавени во поетски зборници. Чест ми е затоа што учествував на овогодинешната Орцашка вечер на поезијата. Се надевам дека настанот ќе трае долго.“ вели таа.



Comentários


bottom of page