top of page
Writer's pictureКултура β

На Љ. - Дафина Веселиновска

На Љ.

Ти си слика.

Лика. И прилика.

На сѐ што е убаво

и привлечно. И прилично.

Немаш најубави очи.

Само што не ги вадам од умов.

Немаш најубави усни.

Само што нешто ме веде да ги гризнам.

Насмевката ти е просечна.

Само што ми го осветлува денот.

Не си секси.

Само што кога пушиш цигара,

посакувам јас да бев цигарата.

Погледот не ти е особено магнетен.

Само што посакувам да беше фиксиран само на мене.

Сакам да ја пресликам твојата тетоважа на себе.

Сакам да пуштам плочи само за тебе. Со тебе.

Не дишам кога сум до тебе.

И вреди.

Да се видам низ твоите очи, може ли?

 

Дафина Веселиноска е студентка на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески" на катедрата по Општа и компаративна книжевност. Пишува, гледа филмови, фотографира, чита, прави мафини, свири на пијано и пее. Очекува трета сезона на Fleabag.


🔴Песната „На Љ.“ беше изложена на изложбата на настанот по повод 3. роденден на „Култура Бета“

Comments


bottom of page