Налик на силна бура,
која си посакувал да ја доживееш,
без страв дека нема да ја преживееш.
Налик на волшебна песна,
која си посакувал да ја испееш,
без страв дека после неа ќе ги изгубиш нотите.
Налик на Небо во црвена боја,
под кое си посакувал да заспиеш,
без страв дека во сонот ќе ги заборавиш боите.
Налик на сѐ волшебно,
што си посакувал да почувствуваш,
без страв дека чувствата, еднаш одамна те заборавиле.
Поинаква ти е и песната во очите,
но, не, не умеам да насликам музика
која наликува на лелеав сон.
Comentarios