• Култура β

Одбрана среќната 13-ка за „Отскочна даска“ - поетско читање за млади

Одбрана е среќната 13-ка за „Отскочна даска“!


„Скопскиот поетски фестивал“ на 3 август 2022 година објави конкурс за учество на „Отскочна даска“, поетско читање за поети и поетеси на возраст од 16 до 25 години, што ќе му претходи на „Скопскиот поетски фестивал“. На конкурсот пристигнаа песни од 42 автор(к)и, од кои одбравме 13-мина што ќе учествуваат на настанот.


Во среќната 13-ка влегоа: Андреј Медиќ Лазаревски, Викторија Ангеловска, Дамјан Златановски, Ива Петреска, Иван Николов, Ивана Јовановска, Лука Иванов, Љубица Петровска, Марија Велинова, Марија Јанчевска, Павлинка Ристова, Софија Тодороска и Филипа Сара Попова.


На сите други што ни пратија песни, им посакуваме многу среќа, би сакале да ги охрабриме да продолжат да пишуваат, и ги очекуваме за дружба на сите настани во рамки на фестивалот!


„Отскочна даска“ ќе се одржи на 29 август во кафе-книжарницата „Буква“, со почеток од 20 часот, а избраниот/избраната на читањето ќе учествува на отворањето на второто издание на СПФ, на 30 август во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, со што ќе стане учесник во официјалната програма на фестивалот.


Фестивалот е поддржан од Град Скопје, од кафе-книжарница „Буква“ и од Младинскиот културен центар ‒ Скопје.



26 views