top of page

Отскочна даска: „Часовникот“ од Васја Мицковски

  • Writer: Култура β
    Култура β
  • 3 days ago
  • 2 min read

ЧАСОВНИКОТ


Над мене е. И в темнина зрачи моќ...

Оголен од небото на снежниот ден,

Тукутака стои, чекајќи овековечување, в ноќ!

Како безгрижен грабливец да го гони,

Да го милува во срдечноста на моментот,

Да го гледа и да чека одговор, во моментот,

Да го следи тактот на срцето и, да молчи, во моментот,

Пак ли чека одговор?

Силно бликнало окното негово, ко плен!


Стои како господар обесен на својата коб,

Чека слуги, чека скршен ропот без сила, од гроб,

И месингова шајка немарно тоне во неговото тло.

Та за некои во минатото да сече спокој,

За некои да глуми владетел на неминливото зло, а за некои...

За некои да остане кукавички роб.

Од роб во гроб, стрелката свети силно,

Свети повеќе одошто ѕвечка,

Мисли повеќе одошто гледа во мракот.

Часовникот ги гледа и нив.


Часовникот гледа сѐ, тоа е времето во нас,

Часовникот знае сѐ, тоа е дел од нас, тоа памети,

Часовникот не чувствува, ја знае нашата итрина,

Не чувствувај, гледај како него, ќе те прелаже,

Нели, само една има вистина.

Часовникот безмилосно го брои времето на судбината,

Штрака со канџите негови, крвавејќи ја слатката одаја.

Ѝ ласка на мудроста на небиднината,

Очекувајќи да ја порази животната аждаја...


Часовникот така ги одминува секундите чести,

За сиромашните работнци, бргу,

Па, да ги натера порано да се молат пред бедрото,

На газдите свои, до мугри да господарат!

Часовникот ги гледа и нив.


Часовникот знае за сиромаштијата на човекот,

Знае колку малку има во тоа „многу”,

Знае кога секој такт завршува, зашто лицето

На човекот се губи, човекот е лице – само толку!


И така, талка по соништата рој,

За старците, бавно – не стои, не се плаши,

Па, да ги доослепи ходниците со ветви чевли,

Да ги потсети тие сиви архангели на минатотo

На животот го кој одминал пребрзо, во мака,

Да осветли сиромаштија, таа да не царува.

Часовникот ги гледа и нив.


Часовникот мирно убива,

Часовникот ја познава црвената боја, ја видел,

Сива е помпата на борбата пред него, сиво е бремето.

Ние сме солза на часовникот – капка во времето!

Comments


bottom of page