Нов месец и нов лик на Култура Бета, овојпат се запознаваме и спознаваме со Дарко Беровски од платформата за култура „Спознавање“. Платформата зад себе веќе има два броја од списанието „Спознавање“ во кои има повеќе интервјуа со локални музичари, артисти, колумни од млади колумнисти, претставување на hand-made и уметнички платформи. Овој месец ќе го претставиме Дарко Беровски и подетално ќе зборуваме за платформата и списанието. Следете нѐ!
Дарко е личност кој за себе вели дека ја негува ирационалноста во себе преку различни проекти и авантури, во и надвор од нашата земја. Со културното списание „Спознавање“, поточно културна платформа, цели да се развива уметноста уште повеќе во нашата земја, но и да се поттикнуваат нови креативци во и вон „Спознавање“, бидејќи туѓото и сопственото е дел од истиот процес.
Во периодот на неговите љубопитни студентски денови се здоби со различни работни искуства. Прв пат влезе во водите на Односите со јавност, како помошник на полумаратонот Трчај Бе, благодарејќи на неговата менторка Љубица Ангелкова, потоа искуствата ги продолжува како новинар во ТВ Сител и Информакс, а неговото спојување на Односи со јавност и културата беше со поп пејачката од Канада, Парвати, потоа американската уметничката Александра Грисанти и американската хип хоп артистка Келда Вилијамс. Моментално функционира како PR-менаџер на 50CreativeSolutuons и PerfectBacklink.
Воедно цело време волонтирајќи на фестивали и Еразмус проекти, со што се здобива со нови искуства, пријателства и бесценети моменти.
Сето ова го прави бидејќи му е интересно, односно сака да доживее најмногу животи во еден, спознавајќи различни култури и перцепции во процесот. Со тоа ќе го добие најчистото размислување и влегувајќи во секој момент отворено и разумно.
Како формално образование студира Односи со јавноста на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје, а доаѓа од Битола со средно образование од ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ како физиотерапевтски техничар.
Comments