top of page
Writer's pictureАндреј Медиќ Лазаревски

Октомври со Марко Печеновиќ - Иш и јас, „Промаја“

Марко Печеновиќ е дел од бендот Харакири, го знаеме уште од Cut your nipple, дел е колективот „Гола планина“ и музичката издавачка куќа „Мртов коњ“. Но, пред скоро време Марко го издаде својот авторски проект под името „Иш И Јас“ со првото ЕП „Промаја“ кое има и свој поетски буклет со истиот наслов издаден заедно со „Партизанска штампа“.

Текстовите на Марко во „Промаја“ се пишува на тетовски говор и се уникатни поради тоа, се занимаваат со урбаното, но не како општо место, туку напротив со локалното урбано. „Промаја“ се занимава со родниот град, со неговите локални проблеми, со воздухот, со местото на поединецот во тоа локално и неговото напуштање, се занимава со домот што никогаш не е постојан и статичен. Затоа во песната „Не“ неколкупати се извикува „И нема тло / И нема толо / И нема тло / И нема...“ бидејќи нема многу работи, нештата во „Промаја“ се минливи, остануваат само спомени, се чувствува и носталгија, но и гнев и олеснување за тоа снемување и тага, и избезуменост и запрашаност.


ЕП-то, како и поетскиот буклет се состојат од пет песни: „Не“, „Дома“, „Дојди“, „За ручек“ и „Ја и ти“. Сите пет песни се ангажирани на еден или на друг начин, зборуваат за општеството, за личниот белег во општественото, но и општествениот белег во личното. Пеат за влијанието на тоа општество врз љубовта, врз минливоста на времето, врз другите околу себе. Песните не се нималку живи, напротив како да се извадени од длабоката земја, а таму биле долго потиснати.


Прочитајте во продолжение дел од „Промаја“ на Марко Печеновиќ!



ДОМА


Понекоаш сакам Тетоо да гори

Ама моите са таму

Таму срцето боли

Што ли сте, другари мои?


Овде нит сл’нце можеш да видиш

А сироти, сироти смо среќни

Ја го љубев Тетоо малу

Сега днојте таму не са л’сни


Добро што сум дома,

И имам све на мене

Немаше људи и немаше куче

Не бегав од ништо вечер


Добро е што сум дома

И имам све на мене

Немаше људи и немаше куче

Добро е што сум дома вечер


Добро е што сум дома вечер

Добро е што сум дома вечер…



НЕ


Климаво ребро и примарен прст

Пршлен у пекол, ал руке без крв

Црно под нокти, ал говор на место

Не понудил помош, со душа на грб


Чуек у гнездо, задоволен сноб

Чуек со крила со нога у гроб

Сумљив се нашол со метал на рука

Напрае дом, но нема кров.


Но нема кров

Но нема кров

Но нема кров

Но нема кров


Пуста и кљука со лице од бакар

Умот да ми го разбие скроз

Чука у глава, чука на врата 

Опусот да ми го измени скроз


Круша под круша, општествена туга 

Чаша по чаша, се насмеа горд 

Убаа храна со невкусен вкус

Пливамо дека ова е потонат брод


И нема тло

И нема тло

И нема тло

И нема…


Од спомен у спомен со скинати конци

И лукава глава до иден роб

Ќе умре од очај, ќе умре од љубов,

Ќе умре од мисла, ал никоаш од зло



ЈА И ТИ


Ја и ти смо родени

Со токсични честички


У нашиотмозок

И белите дробои


Ја и ти смо труени

У утроба, не родени


И уште не труја

Со стари навике


Ја и ти смо отровни

Ја и ти смо отровни


Comments


bottom of page