Стихови од песната „Преминување“ на младата поетеса Филипа Сара Попова што ќе настапи на поетската вечер „Отскочна даска“, читање за млади, дел од офф програмата на 2. Скопски поетски фестивал.
„Од еден прозор влегов
Од друг излагам
Таму од кај што излегов
Сега влегувам
Не сум веќе иста
Која сум
ако не сум
самото
преминување?“
Филипа Сара Попова е една од поетесите кои се дел од среќната 13-ка за „Отскочна даска“, поетско читање за поети и поетеси на возраст од 16 до 25 години, што ќе му претходи на „Скопскиот поетски фестивал“. На конкурсот пристигнаа песни од 42 автор(к)и, од кои одбравме 13-мина што ќе учествуваат на настанот.
Во среќната 13-ка, покрај Пoпова, влегоа и: Андреј Медиќ Лазаревски, Викторија Ангеловска, Дамјан Златановски, Ива Петреска, Иван Николов, Ивана Јовановска, Лука Иванов, Љубица Петровска, Марија Велинова, Марија Јанчевска, Павлинка Ристова и Софија Тодороска.
Comments