• Култура β

Отскочна даска | Љубица Петровска

Стихови од младата поетеса Љубица Петровска што ќе настапи на поетската вечер „Отскочна даска“, читање за млади, дел од офф програмата на 2. Скопски поетски фестивал.

сама со толку луѓе

толпата се сопна и падна

од своите јас

гужва е

сакам да се договорам со самата во себе

до толку не сме, токму е до нас.“

Љубица Петровска е една од поетесите кои се дел од среќната 13-ка за „Отскочна даска“, поетско читање за поети и поетеси на возраст од 16 до 25 години, што ќе му претходи на „Скопскиот поетски фестивал“. На конкурсот пристигнаа песни од 42 автор(к)и, од кои одбравме 13-мина што ќе учествуваат на настанот.


Во среќната 13-ка, покрај Петровска, влегоа и: Андреј Медиќ Лазаревски, Викторија Ангеловска, Дамјан Златановски, Ива Петреска, Иван Николов, Лука Иванов, Марија Велинова, Ивана Јовановска, Марија Јанчевска, Павлинка Ристова, Софија Тодороска и Филипа Сара Попова.

80 views