top of page
  • Writer's pictureКултура β

Отскочна даска | Лука Иванов

Извадок од песната „Ѕвездениот витез“ на младиот поет Лука Иванов што ќе настапи на поетската вечер „Отскочна даска“, читање за млади, дел од офф програмата на 2. Скопски поетски фестивал.

„Една јануарска ноќ, Петар жестоко влезе во братство

и тоа со чашката шетајќи се низ Скопје во потполно пијанство.

Со распарталеност и коса мрсна,

на еден градски маратон тргна.

Сакаше да си ја искаже осаменоста,

но го спречуваа раните од камшикот на замаеноста.

Прангите на мазохизмот ги издржуваше тој зарем?

До кога ќе го трпи атакот на сопствениот јарем?“


Лука Иванов е еден од поетите кои се дел од среќната 13-ка за „Отскочна даска“, поетско читање за поети и поетеси на возраст од 16 до 25 години, што ќе му претходи на „Скопскиот поетски фестивал“. На конкурсот пристигнаа песни од 42 автор(к)и, од кои одбравме 13-мина што ќе учествуваат на настанот.


Во среќната 13-ка, покрај Иванов, влегоа и: Андреј Медиќ Лазаревски, Викторија Ангеловска, Дамјан Златановски, Ива Петреска, Ивана Јовановска, Иван Николов, Љубица Петровска, Марија Велинова, Марија Јанчевска, Павлинка Ристова, Софија Тодороска и Филипа Сара Попова.



150 views
bottom of page