top of page
Writer's pictureКултура β

Отскочна даска | Марија Јанчевска

Извадок од песната „Прелудиум на лудилото“ на младата поетеса Марија Јанчевска што ќе настапи на поетската вечер „Отскочна даска“, читање за млади, дел од офф програмата на 2. Скопски поетски фестивал.

„Тука си,

во центрифугата

на бесконечното животарење

на твоето довременско отсуство.


Тука си,

кога животот станува

парче бескраен асфалт

во маршот на легијата.“


Марија Јанчевска е една од поетесите кои се дел од среќната 13-ка за „Отскочна даска“, поетско читање за поети и поетеси на возраст од 16 до 25 години, што ќе му претходи на „Скопскиот поетски фестивал“. На конкурсот пристигнаа песни од 42 автор(к)и, од кои одбравме 13-мина што ќе учествуваат на настанот.


Во среќната 13-ка, покрај Јанчевска, влегоа и: Андреј Медиќ Лазаревски, Викторија Ангеловска, Дамјан Златановски, Ива Петреска, Иван Николов, Ивана Јовановска, Лука Иванов, Љубица Петровска, Марија Велинова, Павлинка Ристова, Софија Тодороска и Филипа Сара Попова.



Comentários


bottom of page