Отскочна даска: Поезија од Дарио Постоловски
- Култура β
- Jun 14
- 1 min read
Updated: Jun 16
*
Тихите години
под небесната влага
во пречкртаната сага
на невозвеличените родини.
Тихите години со офтикавиот голомудрец
кој пошол по Лицето на Браман да трага
по падините на скрб и лага
и еден несловесен жрец.
Тихите години шествие по прашестата почва
на која повтат кокичиња да процутат,
додека умот низводно, а јас спротиводно лутам,
носејќи сал дребна бочва.
Тихите години кога
остававме зад себе наземи сал дребни стапки
земавме по себе сал памјат и чужди солзи — капки
а премалуваше сѐ возивајќи Го Името на Бога.
Тихите години во кои
се истроши маслото за кандилата
и стврднеа мастилата
со кои ги пишував стиховите мои.
Тихите години
Тихите години
Тихите години
Безмльвнаꙗ лѣта
Die stillen Jahre
The silent years
शान्तवर्षाणि
τᾰ̀ ᾰ̓κέοντᾰ ἔτη
Само ако може Ⲁⲃⲃⲁ/Оче
Тишината прекршија Ти
…
…
…
Alles अस्ति можно to Thee
Comments