top of page
Writer's pictureКултура β

Отскочна даска | Ива Петреска

Извадок од песната „Верник“ на младата поетеса Ива Петреска што ќе настапи на поетската вечер „Отскочна даска“, читање за млади, дел од офф програмата на 2. Скопски поетски фестивал.

„Верник,

што се заљубил во бога,

а краде како лудак од општественото добро,

и верник и пие ко стока.

Вино за крвта на светиот,

црвено за жртва.

Човечноста со срп отсечена,

фрлена на улица, мртва.“


Ива Петреска е една од поетесите кои се дел од среќната 13-ка за „Отскочна даска“, поетско читање за поети и поетеси на возраст од 16 до 25 години, што ќе му претходи на „Скопскиот поетски фестивал“. На конкурсот пристигнаа песни од 42 автор(к)и, од кои одбравме 13-мина што ќе учествуваат на настанот.


Во среќната 13-ка, покрај Петреска, влегоа и: Андреј Медиќ Лазаревски, Викторија Ангеловска, Дамјан Златановски, Иван Николов, Ивана Јовановска, Лука Иванов, Љубица Петровска, Марија Велинова, Марија Јанчевска, Павлинка Ристова, Софија Тодороска и Филипа Сара Попова.

Comments


bottom of page