top of page

Поезија на Сара Божиновска

  • Writer: Култура β
    Култура β
  • Jan 19, 2023
  • 1 min read

Среда полека изминува

Зошто си ја обоила косата во боја

која не е твоја

и зошто усните ти сјаат на таков начин?

Златокоса девојко, каде ти се сништата,

не прашувај ги рибарите дали може

да им ги чуеш мечтите,

тивок им е мирот.

Кој ти го одвеал полното срце

и зошто веќе не трчаш низ вировите?

Веќе е предоцна да пловам низ очите,

остави ме на копно

Светот што го немав Сивата улица спроти мојата, зарем нема место за мене на неа. Во тие четири ѕидови, јас бев само бистра вода, ладна и брза, а таа не запира и ита, секаде а никаде. Понекогаш мечтаев да се влее во нечии дланки, брановите да се стишат домот покрај неа да си го припие. Заминувања Босоног танц на врвот од кулата со карти. Нема да ја однесе ветрот. Мртви остатоци на проголтани зборови од пред две утра, креветот ти остана топол од пред два дена. Вечер си доаѓам. Зимата ќе покаже.

Comments


bottom of page