top of page
Writer's pictureКултура β

Расплетие - Љубица Петровска

Расплетие

додека чекам порака од тебе

сѐ нешто свети насекаде

уличните светла, погледот на детето од соседната куќа, ноќните светулки,..

па дури и сонцето.

ги загледав, и ме блесна

конечно ми светна

дека ова е крајот

одврзав јазол

и денот одма е друг.

не знам дали воопшто некогаш

ние така испреплетени

сме биле некако поврзани

освен врвките на нашите патики

кои не нѝ стоеја на патот

секојпат кога бевме жива и гола

вистина,

и вода.


 

Љубица Петровска има 22 години, пишува во името на зборот, гласот и светиот тон, и ги сака сите бројки со кои животот ја множи, особено нулата. Изминатава година со своите шкртки и гласови учествува на неколку поетски манифестации, како: „Отскочна Даска” - дел од програмата на СПФ, националниот натпревар на „Поетри Слем Македонија” во Прилеп, и на “Маалски Фестивал” организиран од КСП Центар „Јадро”.


*Песната „Расплетие“ беше изложена на изложбата на настанот по повод 3. роденден на „Култура Бета“

Kommentare


bottom of page