top of page
  • Writer's pictureКултура β

Резултати по повикот за учество на млади поети на „Скопје СИ ТИ“ во рамките на „Денови на поезијата“ во Скопје Сити Мол



Драги наши млади поети и поетеси, голема благодарност до сите за испратените песни!


Со радост ве извесуваме дека на читањето насловено „Скопје СИ ТИ“ ќе читаат: Јулија Ангелова, Андреј Анѓеловиќ, Виктор Бучковски, Иво Донев, Марко Иван Кочишки, Нино Наумовски, Дарио Постоловски, Теодора Прокоповска, Михаела Стефановска, Методија Тасевски, Крсте Трифунов и Розе Ускоска.


„Скопје СИ ТИ“ ќе се одржи на 24 март, недела, во кафе-книжарницата „Литература.мк“ во Скопје Сити Мол, со почеток од 18:30 часот. Станува збор за настан за поддршка на младите поети почетници, за оние што можеби и не објавиле ништо досега, нудејќи им шанса да се претстават со поетско читање, во рамки на проектот „Денови на поезијата“, што ќе се одржи во периодот од 21 до 24 март, во организација на Скопје Сити Мол заедно со Фондацијата „Ацо Шопов Поезија“, филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ‒ Скопје, Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература, ПНВ Публикации и Култура Бета, и ќе се состои од низа други настани за промоција на поезијата. Програмата во целост ќе биде објавена наскоро.


Ве очекуваме на убава дружба!


172 views
bottom of page