top of page
  • Writer's pictureАндреј Медиќ Лазаревски

Септември со Филипа Сара Попова

Септември е за нови почетоци, за нови успеси, се отвора една нова сезона на културни настани, животот пополека се враќа во секојдневните рамки, а на Култура Бета септември ја враќаме во живот нашата рубрика „Лик на месец“, а месецот го посветуваме на добитничката на награда „Млада Струга“ што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата за дебитантска необјавена збирка, Филипа Сара Попова.


Филипа Сара Попова (1998) студира Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје. Годинава ја доби наградата Млада Струга за необјавена дебитантска поетска збирка, организирана од Струшки вечери на поезијата и Europe House. Има учествувано на „Отскочна даска“, поетско читање за млади на Скопскиот поетски фестивал, има објавени песни во електронските списанија Медуза, Репер и Култура Бета, а и во антологиите Ново раѓање на зборот, Рукописи 45 и Новите добри времиња. Пишува и проза, расказот Не сме сами скоро ѝ беше одбран меѓу 10-те најдобри и објавен во антологијата „Туѓо тело“ на конкурс организиран од Окно. Таа пишува и нефикциски текстови, дел од кои се објавени во Медуза и Репер, но студентски спија како Мираж и In medias res. Веќе неколку години соработува и со електронското списание Гледај.мк за кои пишува филмски рецензии.  


Во текот на септември ќе може да прочитате избор од поезијата на Филипа Сара Попова, повеќе за книгата, а кон крајот на септември очекувајте и настан каде ќе може подобро да ја запознаете Попова како авторка. Следете нѐ!


45 views

Comments


bottom of page