top of page
Writer's pictureИван Николов

Септември со Виктор Стојчески (Кенопсија) - Муабет

Месецот септември го посветуваме на новиот соло проект на Виктор Стојчески. Неодамна ја пушти во етерот својот нов проект наречен „Кенопсија“ со песната „Пејсаж“.


По тој повод направивме „пинг-понг“ муабет за новата песна, албумот кој наскоро треба да биде објавен, за некои симболи од новата музика на Кенопсија и за тоа каде Кенопсија цели.


Иван: На што се должи чувството на прашина и на магла во песните?


Виктор: На нешто што е толку нејасно и те гуши, ама како и да правиш, пак на крајот, едноставно не можеш да го избегнеш…


Иван: Со чија вистина се лажеме?


Виктор: Со нашата измислена вистина, што често луѓето си ја кажуваат за некаков спокој на душата. Со тоа што претпоставуваме дека нешто е така, пред воопшто тоа да се случи.


Иван: Дали има некаква хронологија на настани во песните или тие се сеќавање на една личност. Како таа личност ги преврутва дискусиите што ги имала во главата или со другите луѓе?


Виктор: Значи, албумов е концептуален, така што има хронологија на настани. Едноставно, тоа е еден период опишан во 7 песни, и е нешто што мислам дека е ретка појава, ама воедно и не е. Оставен е на комплетна иннтерпретација на слушателот.

Принтскрин од спотот на „Пејзаж“ // YouTube

Иван: Дали е ,,4 Ѕида“ намерно трета , а не на четврта песна по ред?


Виктор: Да… хаха


Иван: Како е транзицијата од тапани на пеење? Во последната песна, ,,Војвода“ , зборуваш за промената.


Виктор: Па… Беше процес што прилично природно дојде. Самата желба да творам нешто мое и да го изразам тоа што ми смета, ме мачи и тоа што го сакам.. Инаку ,,Војвода“ не е пишана за тоа, ама вака кога ќе размислам, ме бендисува како ја интерпретираш ти.

фото: преземенот од IG (@kenopsija.mk), автор: @smt.et

Иван: Како е сега ти да си 100% креативната сила зад целиот проект?


Виктор: Па воедно и мачно и интересно, ама моментот кога цел тој креативен процес стигнува до некое ниво и јас видам како тоа личи, т.е слушнам како звучи, само ме прави да продолжам понатаму. Така што, можам да речам дека е нешто навистина убаво.


Иван: Дали сакаш соло проектот да е само албумот или имаш некаков подолгорочен план?


Виктор: Дефинитивно би сакал да е нешто подолгорочно. Не можам со сигурност да зборувам за тоа, ама ќе направам сѐ што можам за да не заврши туку така.




Comments


bottom of page