top of page
  • Writer's pictureАндреј Медиќ Лазаревски

Шеста воздишка: Поезија на Софија Тодороска, фотографии на Тео Костовски, музика на Дина Јашари

Нова недела, нови воздишки! Воздишките можат да се отсечни. Воздишките можат да сечат. Воздишките можат да се и шарени. И темни. И бавни. И брзи. И тивки, и гласни, и придушени и ослободени. Возишката може да е поглед, може да збор, може да песна, може да е фотографија, може да е музика.


Во шестата воздишка на „Култура Бета“ споделуваме поезија на Софија Тодороска, фотографии на Тео Костовски и музика на Дина Јашари!


1 - Поезија на Софија Тодороска


Воздишките се отсечни. Остри, крвави, студени. Создаваат, умираат. Повелуваат, легнуваат.


На сабјата


Чија острица

крваво

на птиците крилјата им ги сече

– нека запре.


Нека не ги сече ни опашките

на песовите што надвор на снегот

завиваат и кобат-

не е тоа од злоба.


Ја молам таа сабја

отсјајот на сиот свет

што го збрала

во својата тенка студена коска

да престане да моли,

та да секне секој плотун.

Доволно се нашите војни.



Сабја со бисерен балчак


Се пронижа низ мене

тенка острица- студена;

Мина низ ситната градина

насади целувки студенило:

ги покри своите бисери

со земјата која во мене

уште од создавањето

прарадителско останала.

Го чекам времето

кога ќе расцути

она што ќе биде ќерка

на студен бисер

и месечева сенка-

пронижена далга.

Цутот, дар

за нечие небо ќе стане,

спомен на сабјата со бисерен балчак

што врз мојата земја се срони.

Ќе ме свитка доземи

нејзиното време

што го таи во својот замав,

но ако.

Дар на вечноста

ќе ја дадам.



Сува тревка


Се откинува грутка од мајчините гради

да се зарие под исконска земја

за да никне во нов зазор на слобода.

А таа, слободна ли е?

Расрден е гласот нејзин,

а магливи созите ретки.

Извитоперен говор

во фустан од ветришта

ја рие постелката

под која коренот свои

повели да го легне.


2 - Фотографии на Тео Костовски


Воздишките можат да се шарени. И темни. И бавни. И брзи. И тивки, и гласни, и придушени и ослободени. Возишката може да е поглед – и јасен и скриен.



3 - Музика на Дина Јашари


Воздишките се бои. Боите – воздишки.



270 views

Comments


bottom of page