top of page
Writer's pictureАндреј Медиќ Лазаревски

Воздишки: Поезија на Марија Костиќ (Србија)

Денес (20.3.), во кафе-книжарницата „Буква“, ќе биде промовирана стихозбирката „Како настанува црната“ на српската поетеса Марија Костиќ. Збирката е во издание на „ПНВ Публикации“, а во препев на Јулијана Величковска.

По тој повод објавуваме три песни од стихозбирката! Прочитајте во продолжение:


чевларот секогаш има избушени ѓонови

домот во кој пораснав беше изграден

од лесно запалив материјал

зборовите на мајка ми беа чкорчиња

татковите тарило

моите на хартија

лек за изгореници

бевме сити во детството

и ништо не ни недостигаше

нѐ прехрани фирмата на тато

за противпожарни системи



големата поплава од 2005 година


пред да почине дедо

најмногу го загрижуваа стопените снегови

што од Карпатите продрирале во Банат

дождот престана кога го следевме

Тамиш не се излеа

куќата остана недопрена

шест месеци подоцна

пред вратата на операционата сала

нѐ поплави нов бран

на креветот со точки

сестра ми се будеше од анестезија

оделото на докторот беше целосно влажно

од неговата уста

буеја реки со латински изрази

од кои никогаш не испливав



акредразах


гледав како смртта заминува без тебе

посакав да ја видам темнината во нејзините зеници

само за да можам да ти кажам

те разбирам

Commenti


bottom of page