top of page
  • Writer's pictureАндреј Медиќ Лазаревски

Воздишки: Уметноста на Бојан Звездаковски

Во рамки на настанот „Клинци“ што Култура Бета го организира овој петок (1.3.2024) во Europe House Skopje со почеток во 20 часот, своја изложба ќе има уметникот Бојан Звездаковски.



Бојан (р. 1998) е уметник и визуелен наратор кој го идентификува неговиот уметнички стил како „мрачен надреализам“. Преку неговите дела тој има за цел да пренесе порака, повик за будење, со палетата на емоции и психичките состојби на неговите карактери, со необичноста на неговите предмети, со магливоста на неговите пејсажи. Сцените кои ги претставува се поттикнати од секојдневни ситуации и чувства, прикажани на еден сублимен, надреалистички  начин.


Со уметност се занимава уште од најмали нозе. Во текот на неговото уметничко патешествие има експериментирано со повеќе медиуми и техники, како фотографија, колаж, графички дизајн, моден дизајн, сликање и дигитално цртање  кои денес сите заедно ги комбинира во делата што го креира.

Бојан има учествувано на повеќе интернационални настани со изложби на негови дела меѓу кои Art Basel Miami и NFT - New York City, како и неколку домашни настани во Скопје и Битола.


Неколку негови дела погледнете во продолжение:







Погледнете повеќе ТУКА!

89 views
bottom of page