Ти си полу-скитник
одземен од свест
ти си полу-скитник
пишуваш жална вест.
Просторот е празен,
веќе воздухот е и ладен
и ти си болен скитник,
кој што е придобиен од гневот и гревот
бидејќи си само тажен
касно ли е?
Затрупани се сите твои игли,
и ножевите се веќе тапи,
каков бистар мозок, таква соба чиста
но, ти вееш мудрости
од главата гнила.
Ти си скап скитник
двапати неделно славиш,
сакаш да се ослободиш и да се најдиш.
Храброста нежна, ретка чесност како стрела
ти ги будиш сите твои сказни
и причини „лупаш“
ниту се слушаш
па и голташ
воздишки и болки разно разни.
Утрово стануваш добар
но, се заземаш со секој твој товар
и твојот лов
е секој умствен збор
и се преоптеретуваш со лажен изговор
скитник мој мил, дали ќе се најдеш дома?
Дали ќе се стоплиш со овие сончеви зраци
околу овие пусти пластични чаши
се наоѓаш и луташ по патишта лажни
затоа ветувам сликите ќе ги средиме заедно,
дури и кога ќе има духови во рамките
болен скитник, полу-скитник
најди се дома.
Comments