Скопје СИ ТИ: „Центарот на мојот живот – Скопје“ од Теодора Прокоповска
- Култура β
- Jul 31, 2024
- 1 min read
Амфаз на дотокот
до моите сини линии,
сноп и прв разгранок
на јазолот заносен.
Усни допирни –
мое постоење
и здивот од тие гради
на неговото одвојување.
Зеници расчеречени
во згасокот врел,
момент на значајност слепа.
И вода протече
и земја род роди..!
На срце ме зема
тебе недопренo, гласно те нема!
А тропне ли камен
за тебе се роди,
да изгори, да се срони
од љубов, од болка
за тебе Скопје - лулка и корка.
Comments