Звуците на градот
Ги слушам звуците на градот,
Чекорењето на луѓето под мојот балкон,
Колите кои тивко и понекогаш минуваат
По булеварот,
Шумот на трафостаницата,
Музиката од соседната тераса,
Гласот на ветрот кој ги ниша лисјата толку нежно.
Крајот кој полека доаѓа
И спасот од сето тоа во бучавата на мојот град.
Песната „Звуците на градот“ од Нино Наумовски беше прочитана на настанот за млади „Скопје СИ ТИ“ на „Денови на поезијата“ во Скопје сити мол.
Нино Наумовски е матурант во гимназијата „Никола Карев“. Се занимава со музика, пишување поезија и проза. Има учествувано на неколку поетски читање („Бела ноќ“, „11 Октомври“...), а негови стихови се објавени на неколку онлајн платформи. Дел е од организирација на настани од културата во Културно информативен центар во Скопје. Во 2023 учествувал на „Рацинови средби“ како дел од курсот за креативно пишување со Алек Русјаков. Негови песни се застапени во „Антологија на иднината“ (прир. Александар Русјаков, ГБ „Браќа Миладиновци“, 2024)
Commentaires