top of page
Writer's pictureКултура β

Ти, сокриен под играта на прозаичните! - Стефанија Ангеловска

Не ја познавам твојата сентименталност

сокриена длабоко во твоето срце,

но ја забележав твојата автономија

без да знаеш како успеав во тоа.

Мислев дека си прозаичен

но не, овој пат сум се излажала

ти не си нешто секојдневно

ти си нешто посебно,

само сокриен под играта на маски

играта на маски на прозаичните.

А се прашувам зошто?

зошто во светот голем,

сега сатирата ја имаше својата моќ

добиена буквално преку ноќ,

љубовта својата војна изгубено,

а токму нејзе ја бараш

и сега веќе доцна е

и клаузула да ти напишам-залудно е!

се изгуби во светот голем.

Се изгуби некаде меѓу мракот и светлината

а беше скитник со рана на срце,

уште многу долго ќе учиш,

ќе гориш од љубов

а ќе бидеш вечен трагач по неа.

Затоа...

Биди свој, биди уникатен

биди посебен како што и си всушност,

биди она што ти прилега да бидеш,

и пронајди ја својата посебност,

во светот голем, во светот чуден.


 

Стефанија Ангеловска е студентка на Медицински факлутет и има 21 година.


„Како поминува времето во себе имам се поголем мотив да пишувам и творам, а кога секојдневието поставува многу прашања, уметноста е онаа која ми ги дава одговорите.“ вели таа.

Comentários


bottom of page