top of page
  • Writer's pictureКултура β

Валентина Бакти: Убаво ми е кога создавам и тогаш кога не ми е убаво

Валентина Бакти (Србија) ‒ режисерка и сценаристка на поетските филмови „Скопје“ според песна на Блаже Конески, „Празни се градовите во кои те нема“ според песна на Биљана Стојановска, „Еј, Скопје“ според песна на Ана Голејшка Џикова и „Ноктурно“ според песна на Васко Марковски, за проектот „Стиховно мапирање на Скопје“ што ќе бидат проектирани на 1 септември со почеток од 21 часот во кафе-книжарницата „Буква“ во рамки на 2. „Скопски поетски фестивал“.

1. Што мислите за жанрот поетски филмови/видеа?


‒ Слобода на претек.


2. На какви предизвици наидовте додека работевте на филмовите?


‒ Единствен предизвик во правењето поетски филмови покрај недостигот на време и чудењето, понекогаш, како ли успеав да направам сѐ, дефинитивно беше тоа што не живеам во Скопје, а целта беше да се сними Скопје: секако дека филмовите ги снимив во последен момент, но лесно оди тоа со Скопје, Скопје е мој град.


3. Што ви беше најубаво во процесот на работа на филмовите?


‒ Убаво ми е кога создавам и тогаш кога не ми е убаво.


ВАЛЕНТИНА БАКТИ (1995, Прокупље) – поетеса, глумица, преведувачка, фотографка. Нејзината прва двојазична книга „Помеѓу“ (2019) ја објави издавачката куќа „Антолог“, во Скопје, а втората „Сломити кости“ (2021) ја објави издавачката куќа „Дибидус“, во Белград. Таа е една од уредниците на порталот за уметност и книжевност “astronaut.ba”, “bludnistih.com” што секој месец објавува избор љубовна поезија од регионот во електронски формат, таа е и една од организаторите на „Скопскиот поетски фестивал“ (Skopje Poetry Festival).

119 views
bottom of page