top of page

„Вистинскиот видик“ од Селин Есад

  • Writer: Култура β
    Култура β
  • Sep 4, 2024
  • 1 min read

Вистинскиот видик


Во мигот на тишината,

правот на вистината се разнесе низ собата.

Зракот од изгрејсонцето

продре низ чипките на завесата.

Сега беше на виделина.

Но ретко има будни очи во тие мигови,

очи кои трагаат по вистината,

чести се погледите кои се заслепени пред неа.

Пред видикот на вистината,

беспомошниот поглед губи храброст.

Тие очи заслепени од правот

ја гледаат прашливата,

заматената вистина.

Прашливиот видик е идеалната реалност за тие очи.


 

Селин Есад е апсолвентка на Институтот за семејни студии при Филозофскиот факултет во Скопје и едукант од прва година на Институтот Алтернатива за Семејна и системска психотерапија.

Comentarios


bottom of page