top of page
Writer's pictureАндреј Медиќ Лазаревски

Воздишки: Фотографии на Емилија Трајковска

Оваа недела, во рубриката „Воздишки“ се запознаваме со Емилија Трајковска, млада фотографка која во последно време е позната по фотографирањето на музички настани што главно се случуваат во Битола, но и на поголеми настани надвор од нејзиниот град. Таа со сигурност станува едно од главните имиња кога станува збор за архивирање на музички настани и настапи на младите македонски бендови. Инаку, таа има 25 години и е историчар на уметност.


„Во фотографирањето на настани ми се допаѓа несигурноста, неодреденоста на движењата, тоа што не знаеш што следува и какво изненадување припрема изведувачот. Треба да си подготвен да го уловиш моментот кој не знаеш дека доаѓа. Се обидувам низ моите фотографии да ја доловам атмосферата за истата да може да биде пренесена кон секој. Ми претставува интересен начин на изразување каде треба да сум креативна во самиот момент и каде нема многу простор за премислување. Се разбира присутно е и чувството на „вечно постоење“ на фотографијата, споменот. Активно документирање на бендови е цел процес каде вивидно се забележува нивниот прогрес и/или промена.“


Во продолжение погледнете ја галеријата со нејзини фотографии!




Comentarios

No se pudieron cargar los comentarios
Parece que hubo un problema técnico. Intenta volver a conectarte o actualiza la página.
bottom of page